Општина Кисела Вода денеска информира дека го презела управувањето со спортската сала „Расадник“.
-Со големо задоволство сакам да ве информирам дека конечно правно ја вративме салата Расадник. Ја презедовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција, објави градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.
Градоначалникот истакна дека со ова се става крај на 30-годишната негрижа на овој објект.
-Објектот беше претворен во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела Македонија. Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на црвено- црните и на сите други значајни клубови. Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот, порача Ѓорѓиевски.