Општина Куманово најтранспарентна општина во североисточниот регион

Во истражувањето годинава беа вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на Општина Куманово

Според деталната методологија на Центарот за граѓански комуникации за сеопфатно истражување кое го мери степенот на активна транспарентност на државните институции, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, Општина Куманово останува лидер во североисточниот регион со многу добра активна транспарентност со индекс од 97.1 %.

Во истражувањето годинава беа вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Просечната активна транспарентност за 2025 година изнесува 80 % (од максимални 100 %), исто колку што изнесуваше и минатата година. Општините го задржаа истото ниво на активна транспарентност, односно 79 %.

-Општина Куманово продолжува да се заложува за отворен и транспарентен пристап, исполнувајќи ги посветено потребите на граѓаните на Куманово, соопштија од тамошната локална власт.