Општина Прилеп го осуди оштетувањето на споменикот на Александар Македонски

од desk4
134 прегледи

Непознати сторители синоќа го оштетиле споменикот на Александар Македонски во центарот на Прилеп со кршење на копјето. Oпштина Прилеп го осуди инцидентот

„Општина Прилеп најостро го осудува вандалскиот чин со кој синоќа непознати сторители го оштетиле споменикот на Александар Македонски, кој е поставен во центарот на градот, на плоштадот „Александрија“, кршејќи го неговото копје. Случајот ќе биде пријавен во Полициската станица Прилеп и очекуваме надлежните органи во најскоро време да ги пронајдат сторителите. Исто така сакаме да истакнеме дека споменикот ќе биде саниран во многу краток период“, се вели во соопштението од Општина Прилеп.