Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, донесе одлука да ги даде на времено користење службените моторни возила на Полициската станица „Центар“.
-Денеска со советниците на Општина Центар донесовме одлука за времено користење на службени моторни возила за потребите на ПС „Центар”.Како локална самоуправа ќе излеземе во пресрет на ПС „Центар“, со цел поефикасно извршување на нивните работни задачи и зголемениот број теренски активности и контроли кои ги имаат полициските службеници за време на полицискиот час во време на пандемија од Ковид-19.Општина Центар од почетокот на здравствената криза спроведе повеќе активности за поддршка на полициските станици кои се наоѓаат на територијата на Центар, како дополнителни мерки за справување со кризата.Апелирам до сите жители одговорно да се однесуваат и доследно да ги почитуваат мерките и препораките од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство. Вирусот е опасен и само со координирани активности, хуманост и одговорност ќе можеме да се справиме со него, соопшти Богдановиќ.