Општина Центар ги отвори вратите за 600 првачиња што ќе посетуваат настава со физичко присуство во новата учебна година.
–Во согласност со насоките од Министерството за образование и наука и препораките од Комисијата за заразни болести, Општина Центар е подготвена за успешен и безбеден почеток на новата учебна година. Општинските училишта располагаат со неопходните капацитети за доследно почитување на протоколите и за примена на потребните безбедносни и хигиенски услови.Обезбедени се нови дидактички материјали за првачињата што се во согласност со новата Концепција за образование за спроведување на новите наставни програми за прво одделение, како и подароци за сите првачиња на територијата на Општина Центар. Првачињата ќе добијат пакет школски прибор и бонтон за деца, како дел од кампањата „Среќно прваче“, донација од општествено одговорната компанија Халкбанк А.Д. Скопје и Центарот за визуелна комуникација Ефектива. Илустрациите што се на материјалите се дел од проектот „Сликовницата на Халки”.Утре, на 1 септември, општинските основни училишта на територијата на Општина Центар, официјално ќе започнат со настава со физичко присуство за сите ученици од прво до деветто одделение, соопштија од Општина Центар.