212
Општина Центар го донесе буџетот за следната 2022 година. Со 20 гласа „за“ и 3 „воздржани“ изгласани беа 708.570.000,00 денари кои идната година ќе се стават на располагање за проектите кои одговараат на потребите на граѓаните, информираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
-Од советниците очекувам плодна дискусија за предвидените проекти со цел Општина Центар да стане општина која ќе ги исполни ветувањата на граѓаните, вели Герасимовски .