Општина Центар ќе набавува комунално возило – цистерна за чисти улици во општината

од Andreja Salpe

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, го потпиша барањето за набавка на специјално комунално возило – цистерна за потребите на Општина Центар и службите за одржување на хигиената.

Со набавката на ова возило ќе се олесни работата на општинските работници задолжени за јавната хигиена и ќе се зголеми ефикасноста при чистењето и миењето на улиците во Општина Центар.

Поради зголемениот обем на работа, во наредниот период општината планира набавка на уште три специјални возила – метларки, со што дополнително ќе се зголеми степенот на јавна чистота во општината. Карактеристично за овие возила е што истите тие ќе можат да се употребуваат и за расчистување на поголеми наноси на снег на критичните општински точки во зимските месеци.

Слични содржини