Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и оваа недела продолжува со активностите за административно отстранување на нелегалните објект.
Имено, откако инвеститорот не го почитувал јасното и законско издадено решение, а опфаќа тој сам во рок од три дена да ја отрани дивоградбата, Секторот за инспекциски работи денес постапи по присилно административно извршување, а како што се вели во соопштението трошоците за истото ќе бидат на товар на инвеститорот.
„Акцијата на Општина Центар продолжува – отстранета диво поставената тераса на гостилницата „Аманет“ во палатата Емануел Чучков.
Откако инвеститорот не го отстрани нелегално поставениот објект во законски предвидениот рок од три дена, општината пристапи кон присилно административно извршување.
Активностите на инспекциските служби ќе продолжат и во наредните денови, а вкупно се опфатени 18 нелегални објекти кои се наоѓаат на територија на општината“, се вели во фејсбук статусот на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
🚧 Акцијата на Општина Центар продолжува – отстранета диво поставената тераса на гостилницата „Аманет“ во палатата…
Posted by Саша Богдановиќ on Понеделник, 14 декември 2020