Општина Центар: Жители од околните згради бараа отстранување на дрвата на „Орце Николов“

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Општина Центар соопшти дека останува посветена на остварување на заложбите за создавање на чиста, уредна и еколошка општина, општина која треба да претставува пример за другите општини во државата.

Оттука, во целост го разбираме најавениот протест на граѓаните по повод сечењето на дрвата на улицата „Орце Николов“ и потполно го поддржуваме правото на слобода на говор и изразување, велат од Општината.

„Во однос на барањата упатени до Општина Центар од организаторите на протестот, „Зелен хуман град“, сакаме да разјасниме неколку дилеми кои изминатите денови кружат во јавноста.

Издадено е решение за отстранување на 13 дрва, од кои отстранети се 8, по претходно извршени испитувања од надлежните стручни служби, каде е утврдено дека се работи за стари, болни и оштетени дрва. Крошните на дрвата чии гранки се кршеа при секое поголемо невреме во градот претставуваа опасност за граѓаните и минувачите. Во повеќе наврати до општината од жителите од околните згради има пристигнати писмени барања за отстранување на дрвата. Оние дрва што се отстранија, ќе се заменат со нови, висококвалитетни садници, а за останатите ќе се бараат дополнителни решенија.

Проектот за улицата „Орце Николов“ веќе две години е изложен на увид во Општина Центар, објавен е на општинската веб страна, неколку пати е објавуван и во јавноста и сите засегнати граѓани можат да дојдат во општината и лично или електронски, на следниот линк, да се уверат во содржината на истиот. Извршена е ревизија и проектот за улицата „Орце Николов“ ги има поминато сите фази на контрола при изработката. Крајната наша цел е граѓаните да добијат квалитетна и безбедна реконструирана улица“, се вели во денешното соопштение.

Слични содржини