Општинскиот буџет на Ѓорче Петров за речиси 2 милиони евра поголем од минатиот

од desk4
94 прегледи

Општина Ѓорче Петров наредната година ќе троши буџет висок 11.282.000 евра, што е за милион и 790 илјади евра повеќе од овогодинешниот буџет.

Три милиони и 115 илјади евра од овие средства општината ќе ги намени за проектирање, изградба и реконструкција на улици, водовод и канализација (атмосферска и фекална), улично осветлување, изградба на спортски објекти итн, додека за тековно-оперативни расходи се предвидени 243.370.000 денари или 3.957.000 евра

Буџетот денеска беше изгласан со 13 гласа „За“. Овој буџет се остварува од основните изворни приходи како персонален данок, данок на имот, трансфери од други нивоа на власт, капитални приходи…

– Ценам дека и натаму ќе работиме интензивно за потребите на граѓаните и ќе ја оставиме политиката настрана. Знаете сите во каква тешка состојба ја затекнавме општината и оти немавме ниту еден основен и развоен проект. Ѓорче Петров е во мрак, плаќаме заостанати фактури и во 21. век имаме состојба кога нема вода во делови од населбата. Проекцијата на буџетот е таква заради чесно работење в