8
Килијан Мбапе испрати силна порака пред 2025 година.
Иако во текот на есента беше на мета на критичарите поради слабата форма, Килијан Мбапе си постави високи цели за следната година, а тоа е борбата за сите трофеи.
„Никој во Реал Мадрид нема да зажали за мојот потпис. Во 2025 година сакам да ги нападнам сите трофеи, тоа е мојата главна цел“, изјави Мбапе.
Реал Мадрид се израмни со Барселона во Примера, блиску е до Атлетико на врвот, се опорави во Лигата на шампионите по трите порази, а на стартот од 2025 година може да го одбрани трофејот во Суперкупот на Шпанија.
Французинот одигра 24 натпревари, постигна 14 гола и забележа четири асистенции.