Стресот не бира време, ниту место кога ќе ве нападне. Но, без разлика каде сте, постои метод кој ќе ви помогне брзо да се ослободите од непријатноста. Станува збор за посебна техника за дишење.
Еве како тоа изгледа:
Вдишете: Седнете на удобна столица, ставете ги нозете на под и опуштете ги рацете. Важно е да ја одржувате положбата. Затворете ги очите у полека вдишете низ нос, па броите до четири. Почнете да издишувате.
Фокусирајте се на ширењето на градниот кош и звукот на воздухот кој струи.
Пауза: Додека вдишувате, направете пауза од четири секунди. Со тоа го одмарате здивот, но и понатаму го задржувате. Чекањето ве доведува до напнатос, а така ќе се опуштите пред издишувањето.
Издишете: Полека издишете го целиот воздух од градите и повторно бројте до четири. Погрижете се да бидете опуштени.
Пауза: Одмарајте меѓу вдишувањето и издишувањето и повторно бројте до четири.
Повторите неколку пати.
Иако и еден циклус може да направи разлика. најдобро би било да го направите четири пати, доколку имате време.
Техниките на дишење се корисни во управување на стресот во секојдневниот живот, но не се единствена опција. Најдобро би било да разговарате со експерт на таа тема, со цел најдобро да се ослободите од анксиозноста.