Продолжуваат преговорите за изборната регулатива. Во моментов претставниците на политичките партии се наоѓаат во Клубот на пратеници а се очекува да пристигне и посредувачот Питер Ванхоуте, по средбата во парламентот со пратеникот Талад Џафери.Оваа средба доаѓа по синоќешните долги разговори кој траеја до 5 ипол утринава, кога ДПМНЕ и ДУИ ветиле дека предлагачите Талат Џафери и Крсте Мукоски ќе го повлечат предлогот.

Пред почетокот попладневниот состанок , еврокомесарот Аиво Орав за Телма изјави дека Законот за свиркачи и предлог-Законот за мораториум на бомбите ќе бидат повлечени од Собранието на доработка.
Орав истакнал дека преговорите продолжуваат и изразил очекување до вечер да се постигне договор, согласно динамиката по договорот од Пржино.