Евромбасадорот во Македонија, Аиво Орав, коментираше за одлуката на Уставниот суд со која претседателот ќе може да помилува и лица осудени за изборни измами .
“Многупати сме ја критикувале вашата земја за независниста на судството и владеењето на правото. За конкретниов случај се дискутира веќе неколку недели, одкако СЈО поднесе неколку кривични пријави против поранешни министри во врска со изборни измами.Ако му се дадат повеќе права на Претседателот или идните претседатели на оваа земја, тогаш останува на самиот Претседател дали ќе го искористи овој инструмент, оваа алатка, се со цел да ја зајакне демократијата, или пак да ја ослабне демократијата “-изјави Орав во Велес.
