Орав: Времето одминува, кризата останува а препораката за преговорите виси !

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Брисел веќе го подготвува октомврискиот извштај за напредокот на Мкаедонија, па ако не биде постигнат напредок, Европската комисија ќе биде во тешка ситуација да одлучи дали повторно да препорача преговори – дециден е евроамбасадорот Аиво Орав денеска пред медиумите

19519mala

Неизвесно е кога ќе продолжат преговорите во Брисел, партиите се уште на излегле со сериозни предлози за тоа како да се надмине политичката криза, но Европската унија, морам да повторам, е сериозно загрижена за состојбата во Македонија, порача денеска евроамбасадорот во земјава, Аиво Орав.

– Неопходно е да се создадат услови опозицијата да се врати во парламентот, и таму да продолжи дебатата. ЕУ не може да им каже на партиите што да прават, за тоа треба сами да се договорат, а притоа мора да сфатат дека патот кон ЕУ за Македонија е поважен од нивниот партиски и политички рејтинг и да разберат дека не постојат совршени решенија. Компромисот не значи дека нешто не е добро – нагласи Орав.