Орбан: АфД е иднината на Германија

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Будимпешта разговараше со копретседавачот на десничарската Алтернатива за Германија (AfD) Алиса Вајдел и рече дека партијата е иднината на Германија.

„Иднината во Германија ја пишува АфД. Чест е што лидерката на партијата Алиса Вајдел ја посети Будимпешта“, напиша Орбан на Фејсбук.

Како што пренесува порталот Hungary Today, најважна тема на разговор била европската миграциска криза.

Орбан и кандидатот за германски канцелар се согласија дека запирањето на илегалната миграција, зајакнувањето на европската безбедност и можноста за промена на политичкиот правец на Европа се клучни задачи.

Втората клучна тема на средбата беше прашањето за европската мировна и воена политика.

Орбан претходно изјави дека иако не се согласува со АфД за се, има прашања за кои делат исти ставови.

Слични содржини