21
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази загриженост поради идејата Украина да стане членка на НАТО алијансата, велејќи дека тоа би значело војна со Русија и потенцијален почеток на Трета светска војна.
Орбан на мрежата X нагласи дека неодговорната и брза одлука на Европската Унија да ја прими Украина би ја повлекла линијата на фронтот директно „во срцето на Европа“.
„Ова не е дипломатија, ова е лудост – не фрлајте кибрит на буре барут“, рече унгарскиот премиер.
Тој нагласи дека „на Европа нема да ѝ биде дозволено да се претвори во бојно поле“.