242
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека најважно за Унгарците и за цела Европа е да се запре бранот бегалци, воведувањето санкции и војната во Украина.
„За нас, Унгарците и за цела Европа би било најважно да заврши бранот бегалци, санкции и борби во соседната земја“, рече Орбан во видеото објавено на социјалните мрежи, пренесува МТИ.
Тој рече дека денеска во Пекинг разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, од кого не добил позитивен одговор на прашањето за прекинот на огнот во Украина.