Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја критикуваше Европската народна партија (ЕПП), која Фидес неодамна ја напушти, дека се занимава со внатрешни игри, додека остатокот од Европа се бори против пандемијата на коронавирусот.
„Додека ние во Унгарија и другите лидери во нивните земји буквално се бориме до смрт со коронавирусот, ЕПП им се препушти на игрите за превласт во бирократскиот меур во Брисел“, рече Орбан во писменото обраќање.
Тој додаде дека ова е „неприфатливо“ и дека пратениците на Фидес ја напуштија пратеничката група на ЕПП, одбивајќи да прифатат дека „правата на членовите на ЕП ќе бидат ограничени со измена на статутот на Групацијата“.
Орбан рече дека излегувањето на Фидес од групата ЕПП отвори нова перспектива во европската политика, пренесува МТИ.
Тој додаде дека Унгарците сакале ЕПП да се врати на старата позиција како водечка интелектуална и политичка сила во Европа, но дека оваа можност е изгубена во средата, бидејќи, како што оцени ЕПП, стана „анекс на европската левица“.
Ова, објасни тој, значи дека повеќе нема разлика во ставовите помеѓу ЕПП и левицата за клучните прашања како што се миграцијата, семејните вредности и националниот суверенитет.