Орбан до Трамп: Вратете се, направете ја Америка повторно голема и донесете мир

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Враќањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа ќе придонесе за воспоставување мир во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Ако господинот Трамп беше претседател (на САД), сигурен сум дека ниту една војна денес не би ги распарчила Украина и Европа. Вратете се, господине претседателе, направете ја Америка повторно голема и донесете ни мир!“, рече Орбан, говорејќи на конференцијата за конзервативна политичка акција во Будимпешта.

Унгарскиот премиер оцени и дека нациите во Европа и Америка се на удар на производите на „либерално-прогресивните лаборатории“, посочувајќи дека „таканаречената прогресивна надворешна политика секогаш води кон војна“, пренесува РИА Новости.

„Веќе видов неколку такви обоени револуции. Би почнало со прогласи за слобода, би продолжило со либерално прогресивно превоспитување и на крајот би настанал хаос, конфузија и срам за тие земји“, рече тој.

Слични содржини