Многу е важна стабилноста на Западен Балкан и интеграцијата во ЕУ. Зачленувањето е огромна можност. Сите видовме дека со зачленувањето добивме напредување, но ЕУ ја загуби својата динамика и мораме да обезбедиме проширување. Не го одминуваме и фактот дека Украина и Молдавија добија вонредно забрзување на патот кон ЕУ. Мораме да ги почитуваме државите кои долго време работат на тоа. Сега се ставени во втор план, а тоа не е чесно. Сметаме дека е важно да се одржи зачленување на ЗБ во ЕУ и согласно со тоа, би сакале да се забрза процесот на пристапување на Македонија. Подготвени сме да организираме Втора меѓувладина конференција, доколку не, ќе одиме со билатерални прашања, рече премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на прес-конференцијата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.
Според Орбан, земјите од ЗБ заслужуваат многу повеќе од Брисел – одамна треба да се членки на Унијата.
-Огромна грешка на ЕУ во врска со Македонија која би ја карактеризирал и како историска грешка. Оваа грешка се зголемува, со оглед дека земјата ќе биде позади Албанија на патот кон ЕУ, за што не гледам никакви причини. Ова ќе биде огромен предизвик за оваа Влада, кажа унгарскиот премиер говорејќи за европските интеграции на нашата држава и одлуката за раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ.