Орбан: Европа е веќе само регионален играч

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Европа е веќе само регионален играч, замена на националните со наднационалните вредности беше грешка, а европскиот политичка елита не го издржа испитот, изјави унгарскиот премиер во говорот во Романија.орнаб

Во говорот Виктор Орбан призна дека никогаш не бил толку обесхрабрен , како по вчерашното напади во Минхен, бидејќи Германија се гледа како гарант на стабилноста. “Последните 30-40 години ние ги  восприемаме Германците како гаранција за нашата демократија. Но вие гледате што се случи вчера, пред неколку дена и во Ница. Ова се приближува и кон нас, но уште повеќе сериозно е дека овој напад беше спроведена токму кај Германците, во земја која  ја сметаме за стожерот, и затоа и таму нема 100 процентна гаранција “, рече тој. Според унгарскиот премиер замена на националните со супранационални вредности беше грешка.

Тој смета дека треба да се откажеме од “идеализација на Европа”, а исто така од “лажната самопроценка”, како на пример дека Унијата е глобален играч, бидејќи по Brexit таа стана само “регионален играч”, кој во најдобар случај може да влијае на настаните околу себе. “Европа ја загуби глобалната улога и претставува регионален играч, кој не може да ги заштити своите граници и граѓаните, да се одржи заедно со своите луѓе”, истакна Орбан.

Европскиот политичка елита не го издржа испитот, и  не може да постигне ниту една цел. Кога ќе  се собереме во Братислава (следната средба на врвот на ЕУ -бел. Ред.) треба отворено да се каже: треба да се расправа за иднината на Европа, бидејќи европското политичко раководство пропадна на испитот “, рече уште Орбан. Понатаму тој истакна: “Нашиот проблем не е во Мека, туку во Брисел. Пречка за нас не е исламот, туку бриселските чиновници. Знаеме како треба да се однесуваме кон исламот, ако не  не остават на мира “.еуу

Според него економската криза е предизвикана од кризата на западните елити: “Последните 50-60 години победуваат и десни, и левичарски партии, но фактички сите политичари доаѓаат од ист политички котел  , без разлика дали се леви или десни, сите припаѓаа на една и истата школа. Оваа криза на елитите доведе до криза на демократијата “, истакна унгарскиот премиер. Орбан призна дека често е критикуван за своите мислења, а Унгарија стана “белата врана” во Европа, но последните настани укажуваат дека овие мислења се потврдуваат.

Премиерот се осврна и на конфликтот во Украина. “Украина е една од најтешките политички проблеми и проблеми на совеста за Европа. Ако погледнеме резултатите од последните три години, заклучокот е трагичен. Земјата загуби значителен дел од територијата и населението, но не во војна, туку поради емиграцијата на Запад. Нема ни трага од стабилност “, истакна унгарскиот премиер, пренесува романската агенција Аџерпрес. Тој посочи дека квалитетот на живот во Украина  паднал , а раководителите на Европа не  ги исполнија дадените нејзини ветувања. “Ние не си стоиме на зборот и тоа е проблем на нашата совест”, истакна уште Виктор Орбан. По старата традиција тој учествуваше во работата на Летниот универзитет и студентскиот камп во Беиле Тушнад, организиран од унгарскиот Фонд за малцинствата и дејствуваат во Романија Совет на унгарската младина. Тие се одржуваат за 23-ти пат, а овогодинешниот им слоган е “Ние бевме, сме и ќе бидеме дома во Европа”. Во меѓувреме, претставниците на голем број унгарски општествени организации и политички партии со Карпатскиот  регион потпишаа во Беиле Тушнад заедничка декларација против наметнатитец  од Брисел миграциски  квоти и повикаа секоја земја-членка самостојно да одлучува миграциската проблем. / ТАСС