212
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека санкциите на Брисел против Москва не ги исполниле очекувањата и дека Европа паднала во јамата која ја ископала за Русија.
„Санкциите не функционираа како што очекуваше Брисел кога беа воведени. Смисливме план да им ископаме јама на Русите, а потоа ние паднавме во неа“, рече Орбан, пренесува ТАСС.
Во интервју за унгарското радио Кошут, Орбан изјави дека на последниот самит на ЕУ се зголемиле тензиите меѓу земјите-членки, но и дека се погласни се барањата за мирно решение на украинската криза, пренесува МТИ.