Орбан: Финансирањето на Украина би ја уништило Европа

од desk4
52 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија не може да ги финансира воените напори на Украина без гарантирана поддршка од САД. Откако Унгарија одби да потпише заедничка изјава за поддршка на Киев, Орбан оцени дека нема рационална основа за продолжување на војната.

Тој нагласи дека стратегијата на останатите 26 лидери на ЕУ е да се увери Украина и самите себеси дека конфликтот треба да продолжи, дури и без американска помош, при што сите финансиски ресурси ќе бидат насочени кон војната.