Орбан го повика Ердоган да ја поддржи мировната мисија за Украина

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Вашингтон за мировната мисија во Украина.

Орбан побара од Ердоган да ја поддржи мировната мисија. Тој рече дека Турција е единствената земја која досега успешно посредувала меѓу Киев и Москва во руско-украинската војна, изјави портпаролот на Орбан Берталан Хаваси, пренесува МТИ.

Орбан на 5 јули беше во ненајавена посета на Моксва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и разговараше со него, меѓу другото, за ситуацијата во Украина, а претходно на 2 јули го посети Киев и разговараше со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Слични содржини