Орбан: Големи муслимански маси се носат во Европа, тие што не се бранат за 20 години нема да ја препознаат својата земја

од Vladimir Zorba
431 прегледи

Католичкиот неделник „Глас Кончила“ објави интервју со унгарскиот премиер Виктор Орбан, во кое вели дека миграцијата и западните либерални демократии се подеднакво зло за него.

Орбан вели „Западњаците избраа да живеат во пост-национален и пост-христијански свет, и ние го почитуваме тоа. Но, тие сакаат уште повеќе. Тие сакаат и ние да живееме на тој начин“.

„Ние сме целосно убедени дека миграцијата не се случува спонтано, туку на организиран начин. Ова се смета за теорија на заговор на Запад, но сето тоа е организирано со политички и деловни мотиви, а последиците ќе бидат носењето на големи муслимански маси на европскиот континент. Верувам дека сите што не се бранат за 20 години нема да ја препознаат својата земја. Промената ќе се случи со надворешно влијание, кое едноставно им се наметнува“.

Слични содржини