Орбан и Ле Пен разговараа во Париз за заканите со кои се соочува Европа

од Stefanija Kuzmanovska
377 прегледи

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска разговараше со второпласираната на претседателските избори во Франција, лидерката на десницата, Марин Ле Пен, за заканите со кои се соочува Европа, како војната во Украина и економската криза, објави прес-службата на Орбан.

Разговорите во Париз меѓу лидерите на унгарскиот Фидес и француското Национално собрание се фокусираа и на инфлацијата и „погрешната и опасна политика на санкциите на ЕУ“, како и на „интензивирањето на мигрантската криза“, објави агенцијата МТИ.

Орбан и Ле Пен се согласија дека европските партии кои ги претставуваат традиционалните вредности мора да работат заедно за да ги заштитат земјите на континентот во опасни и воени времиња.

Слични содржини