Орбан: Имиграцијата и се заканува на европската цивилизација

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Миграциските текови кон Европа и се закануваат  на европската цивилизација, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, цитиран од АФП.

ORBAN1

 

“Во моментов во светот има масовна миграција и таа може да го промени лицето на европската цивилизација. Ако се случи тоа, ќе е неповратно “, предупреди Орбан на конференцијата за случајот на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.

Еврокомисијата сака земјите во Унијата да прифаќаат бегалци по принцип на квоти .Виктор Орбан го оцени  овој принцип како апсурден. Неодамна унгарската влада му предложи на населението контроверзен прашалник за имиграцијата. Според Брисел многу од прашањата во него покажуваат сериозни предрасуди кон странците.