28
Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека доколку Иран се распадне поради сегашната војна, регионот би можел да стане неуправлив и надвор од контрола, што би имало сериозни глобални последици.
Во интервју за јавното радио, Орбан истакна дека цената на суровата нафта Брент пораснала за 20 проценти во изминатиот месец, додавајќи дека војната негативно влијае на Унгарците, објави МТИ.
„Војната ги зголемува цените, па затоа војната е лоша за Унгарците“, рече Орбан.