284
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека има мали шанси за воспоставување мир во Украина бидејќи Западот, пред се САД, сака да ја победи Русија и го гледа Киев како средство за постигнување на таа цел.
Во интервју за италијанскиот весник „Либеро“, тој изјави дека Европа, со исклучок на Унгарија, молчи бидејќи никој не сака да го оспори Вашингтон бидејќи секој што не се согласува со американскиот претседател Џозеф Бајден е етикетиран како „путинист“.
„Сепак, тивкото мнозинство се согласува со мене и убеден сум дека расположението ќе се промени за неколку месеци. Веќе ги гледам првите знаци за тоа“, рече Орбан, пренесе МТИ.