Не е можно да ја отвориме  границата со Хрватска и Словенија.  Ја затворивме границата и ние нудиме да ги вратиме мигрантите назад во Грција, а не да ги префрламе на север кон Австрија и Германија. Тоа го  рече унгарскиот премиер Виктор Орбан. “Целта не е само да спречиме инвазијата на унгарската граница, туку  да ги вратиме назад”, истакна уште Орбан и додаде: Инаку Шенген ќе пропадне!4466396

 

“Ако Унгарија дозволи инвазија на сопствените граници од страна на мигрантите и дозволи да поминат низ нејзина територија, тоа ќе значи само едно – крај на Шенген. Шенген сепак е многу значаен и ние сме должни да го заштитиме”, рече уште унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој изрази убеденост дека неговата политика добива поддршката од европските граѓани. За обвиненијата и споредбите со нацизмот Орбан кратко одговори: Тоа е дел од политичката игра. “Пред сè мислам дека случувањата може да ја  уништат  Европа, а ние само сакаме да ја заштитиме …. Европа е континент, каде владее правото. Ако не ги почитуваме правилата тоа ќе значи хаос”, рече уште унгарскиот премиер.

Потсетуваме  дека властите во Будимпешта прво ја затворија границата со Србија, а од крајот на минатата недела и таа со Хрватска. Од почетокот на оваа година во земјата пристигнале околу 400 000 илегални мигранти. По затворањето на границата со Хрватгска  мигрантите беа пренасочени кон Словенија, а оттаму кон Австрија.

Слични содржини