Орбан: Москва беше трагедија, Брисел е комедија

од Stefanija Kuzmanovska
596 прегледи

Празникот 23 октомври во Унгарија го одбележува почетокот на револуцијата во 1956 година, која беше уништена од советските трупи по само 12 дена.

Во Унгарија во тоа време избувна револуција против угнетувањето, учествуваа работници, студенти, практично целото општество. Започна со мирни демонстрации, проследени со вооружено востание против комунистичката диктатура поврзана со името на Мацаш Ракоши и советската окупација.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан зборуваше на годишнината од неуспешното востание на неговата земја во 1956 година против СССР, обвинувајќи ја Европската унија дека бара доминација слична на советската, обидувајќи се да ѝ го одземе идентитетот на Будимпешта.

„Денес се појавуваат работи кои нè потсетуваат на советско време“, рече Орбан во понеделникот во говорот во западниот унгарски град Веспрем. „Да, историјата се повторува. За среќа, она што некогаш беше трагедија сега е во најдобар случај комедија. За среќа, Брисел не е Москва. Москва беше трагедија. Брисел е само лоша, современа пародија“, пренесува „Раша Тудеј“.

Орбан вели дека Брисел се обидел да наметне модел на либерална демократија што унгарскиот народ го отфрлил.

„Моравме да играме како што Москва свири“, рече Орбан за четирите децении на Унгарија под советска контрола. „Свири и Брисел, но ние играме како што сакаме, а ако не сакаме, тогаш не играме“.

Слични содржини