Унгарскиот премиер, Виктор Орбан денес изјави дека едно од нештата што ќе се одлучат на парламентарните избори оваа година ќе биде Унгарија да не стане „должнички роб“ поради, како што изјави, финансирањето на руско-украинската војна.
На собирот во Капошвар, Орбан рече дека Унгарците можат да кажат „не“ на парламентарните избори закажани за април на понатамошното финансирање на руско-украинската војна и на кандидатурата на Украина за членство во Европската Унија, што се позиции за кои се залага неговата партија Фидес, пренесува „MTI“.
Тој посочил дека луѓето одбиваат да платат за работата на украинската држава во следните десет години и да кажат не на повисоките сметки за комунални услуги поради војната.
Тој додал дека ако Украина стане членка на Европската Унија, европското семејство ќе биде во директен воен конфликт со Русија и дека Унгарија се спротивставува на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ не затоа што таа земја има „камено срце“, туку затоа што „не сака да си наштети“.
Орбан предупреди дека Украина ќе остане неизвесна воена зона на долг рок и дека Унгарија лесно би можела да биде вовлечена во каков било конфликт поради нејзиното членство во ЕУ или НАТО.
Орбан, исто така, рече дека ЕУ треба да потпише стратешки договор со Украина, „кој ќе биде добар“ и за Унгарија.