Орбан: Не сакаме да бидеме во Европската Унија со Украина

Според него, судбината на Украина е да живее покрај Русија и да биде „во постојана војна“ со неа, а Унгарија не сака да го преземе „товарот на страдањето на Украина“.

од Vladimir Zorba
26 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Виктор Орбан

Унгарија не сака да биде дел од Европската Унија заедно со Украина, изјави премиерот на земјата Виктор Орбан.

Според него, судбината на Украина е да живее покрај Русија и да биде „во постојана војна“ со неа, а Унгарија не сака да го преземе „товарот на страдањето на Украина“.

Орбан изјави за јавниот сервис дека неговата земја сака да помогне финансиски колку што може, но без директно испраќање војници во конфликтот, објави МТИ.