Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Будимпешта изјави дека западниот свет е заразен со вирус развиен во „прогресивни либерални лаборатории“, додека Унгарија има противотров – кажете не на миграцијата, родовата идеологија и војната.
Унгарија е „инкубатор“ за дизајнирање на конзервативна политика на иднината и место каде не само што се зборува за поразот на прогресивните либерали и за конзервативен, христијански политички пресврт, туку тоа е и постигнато, рече премиерот.
Како што наведе, доколку американскиот финансиер Џорџ Сорос не ја нападнеше Унгарија и не објави програма за населување на милиони илегални мигранти во Европа, „никогаш немаше да стигнеме до насловите на светските медиуми“.