Орбан: Некои европски политичари се однесуваат како терористи во ЕУ Миграцијата треба да биде запрена, изјави Виктор Орбан.

Западноевропските лидери кои имаат позитивен став кон миграција прашање на време е кога треба да бидат обвинети за создавање на огромни терористички ризици, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан. “Миграцијата треба да биде запрена …. Треба да создадеме европска заштитна линија на северната граница на Грција за да го спречиме приливот на луѓе”, рече уште унгарскиот премиер за време на средбата со својот полски колега Беата Шидло во Будимпешта. Орбан истакна дека “миграцискиот феномен не се качила насилно во Европа, а бил поканет во Западна Европа по еден неконтролиран и без потребните проверки начин”. Полскиот премиер Шидло е за зголемување на обезбедувањето по јужните граници на Шенген. Според неа “миграциското прашање треба да биде решено надвор од границите на Европската унија.