Орбан: Нема да умираме за Украина, нема да ги праќаме нашите деца во кланица по наредба на Брисел

„Унгарски Немзет“ објави дека луѓе од цела Унгарија пристигнале во Будимпешта, вклучувајќи голем број млади луѓе.

од Vladimir Zorba
0 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Официјален профил на Виктор Орбан

Голем број поддржувачи на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан се собраа денес во Будимпешта на Маршот на мирот, а во таа пригода тој рече дека Унгарија вели „не на војната“ и дека „нема да умираме за Украина“.

„Дојде денот на Маршот на мирот во Будимпешта. Денес испраќаме порака до целиот свет: Унгарија вели НЕ на војната! Нема да умираме за Украина. Нема да ги праќаме нашите деца во кланица по наредба на Брисел“, рече Орбан пред митингот на платформата X.

Тој претходно објави видео снимено со дрон на својата Фејсбук страница, пишувајќи дека „Маршот на мирот е најголемиот досега“.

„Унгарски Немзет“ објави дека луѓе од цела Унгарија пристигнале во Будимпешта, вклучувајќи голем број млади луѓе.

Кратко по 10 часот наутро, поворката се упатила преку мостот Маргарет, кој бил затворен од полицијата, кон плоштадот Кошут.