Орбан: Нема поддршка за Украина додека не се вратат одземените права на етничките Унгарци

од Vladimir Zorba
353 прегледи

„Унгарија нема да ја поддржи Украина во ниту едно прашање во меѓународните односи додека Украина не ги врати поранешните права на етничките Унгарци на својата територија“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан пред унгарскиот парламент.

Унгарија се судри со Украина околу, како што вели Орбан, ограничување на правата на околу 150.000 етнички Унгарци, првенствено да го користат својот мајчин јазик во образовниот систем, откако Украина во 2017 година усвои закон за ограничување на употребата на јазиците на малцинствата во училиштата.

Слични содржини