Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина нема да може да ја порази Русија на бојното поле.
„Таму каде што сме сега, очигледно е дека Украинците нема да победат. Нема решение на бојното поле. Русите нема да загубат. Нема да има политички промени во Москва. Тоа е реалноста“, изјави Орбан.
Тој потсети како во 2014 година Европската унија реагирала правилно со локализирање на конфликтот и неговото ограничување на помали области.
„Сега го направивме сосема спротивното, го глобализиравме конфликтот“, додаде Орбан.
Ова не е првпат Орбан да изјави дека Украина ја губи војната на Источниот фронт. Во мај тој рече дека Украина не може да победи во војната против Русија.
Украинското министерство за надворешни работи тогаш му одговори на Орбан дека Кремљ треба да биде среќен затоа што унгарскиот премиер ја ослободи Русија од одговорноста за агресијата врз Украина.
Неодамна Орбан се закани дека ќе ја блокира целата помош на ЕУ за Украина. Тој исто така сака да го спречи влезот на Украина во ЕУ.