Во културниот центар Бански Двор во Бања Лука денеска во рамки на одбележувањето на Денот на Република Српска, 9 јануари, кој Уставниот суд на Босна и Херцеговина повеќе пати го прогласи за неуставен, беа доделени одликувања на заслужни институции и поединци.
На списокот се најде и Виктор Орбан, кој беше одликуван со Орден на РС на ѓердан, највисокото признание.
Ореднот ќе биде свечено врачен накнадно, со оглед на тоа што унгарскиот премиер не се појавил на церемонијата, без разлика на поканата, пренесе N1.