Според премиерот на Унгарија, меѓу тероризмот и миграцијата на муслиманите во Европа во последните месеци се забележува “логична врска”. Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека сите терористи се мигранти.

Тој ова го изјави во интервју за Politico.“Се разбира, тоа не се прифаќа, но фактичката состојба е дека сите терористи се главно мигранти. Прашањето е, кога ќе се спреселат во Европската унија “, – рече тој. Изразувајќи мислење за терористичките напади во Париз и нивните последици, унгарскиот премиер тврди дека меѓу тероризмот и миграцијата на муслиманите во Европа во последните месецa се гледа” логична врска “. Според Орбан, тоа е “очигледен факт, без разлика дали ни се допаѓа или не.” Орбан постојано дава радикални изјави во врска со миграциската криза во ЕУ.Претходно, за време на говорот пред унгарскиот парламент премиерот ги нарече мигрантите „напаѓачите“ кои дошле за да ја освојат Европа и повика на дбивање на каков било азил.