272
Унгарскиот парламент денеска ќе ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, изјави премиерот Виктор Орбан во своето обраќање пред пратениците на отворањето на пролетната парламентарна сесија.
За членството на Шведска во Алијансата ќе се гласа во текот на денот.
Унгарија ќе биде последната од 31 членка на Алијансата која ќе го ратификува членството на Шведска, по неколку месеци одложување од владејачката партија Фидес.
За одобрување на влез на нова земја во НАТО потребна е ратификација од сите членки на Алијансата.