206
Сите унгарски домаќинства ќе продолжат да плаќаат ограничени цени за струја и гас до нивоата на просечна потрошувачка, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за унгарскиот јавен сервис Радио Кошут.
Се проценува дека семејствата ќе заштедат 56.000 форинти (138 евра) месечно на сметки за струја и 146.000 форинти (360 евра) на сметки за гас во однос на пазарните цени, рече Орбан, пренесува агенцијата МТИ.
Тој додаде дека ограничувањето може да се задржи до крајот на годината.
Орбан соопшти и дека Унгарија планира летово да склучи договор за купување на дополнителни 700 милиони кубни метри руски гас, пренесува „Танјуг“.
„Се уште преговараме со Русите за да добиеме дополнителни 700 милиони кубни метри гас“, изјави унгарскиот премиер.