Орбан: Поблиску сме од кога било до светска војна

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Светот е поблиску од кога и да е локалниот конфликт да стане светска војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој за унгарското радио изјави дека лидерите на западниот свет се „зафатени од воена треска“, дека држат говори во кои повикуваат на победа во војната и испраќаат сè поопасно оружје во Украина, пренесува агенцијата МТИ.

„Наместо едногласно да се промовира мир, светот е поделен“, рече Орбан и додаде дека Турција и арапските држави, Кина и африканските земји сакаат прекин на огнот и мировни преговори.

Орбан оцени дека Унгарија мора да има силна армија и во исто време да промовира мир.

„На Унгарија ѝ требаат ефикасни вооружени сили, а владата работи на зголемување на бројот на војници, нивната посветеност на татковината и нивниот повик, нивното ниво на обука и нивниот јавен углед“, рече Орбан.

Тој додаде дека армијата мора да биде опремена и со модерно оружје.

„Тоа што сме за мир не значи дека треба да бидеме беспомошни“, заклучи Орбан.

Слични содржини