Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара итно запирање на миграцискиот бран, за кој заливот е европскиот континент. “Миграцијата ја пишува историјата на нашите места. Нови стотици илјади луѓе од друга, поинаква од нашата култура, се на нашите граници. Ако оваа миграција не биде запрена од нас, нема да ја има онаа Европа за која се боревме”, рече Орбан при посетата на словенечкиот град Лендави, каде што присуствуваше на церемонијата по повод 40-годишнината од формирањето на локалната организација на унгарското малцинство.

Според Виктор Орбан пред европските политичари стојат многу тешки проблеми за решавање. “За нив ќе одговараме пред нашите гласачи, но и пред нашите идни генерации. Поради оваа причина не треба да бидеме нерешителни ниту на зборови, ниту на дела”, истакна унгарскиот премиер. Виктор Орбан кој оствари средба и со својот словенечки колега Миро Церар. “Секој еден Унгарец, Словенец и граѓанин на Европа носи одговорност за цела Европа”, рече уште Орбан и изрази подготвеност да помогне на Словенија. “Ние сакаме самите да одлучуваме за својата судбина. Знаеме како да живееме и да ја користиме слободата, за која сме се бореле”, истакна Орбан и додаде дека од народот зависи дали ќе ја шутне својата судбина и ќе стане пасивен предмет на историјата или пак сам ќе се грижи за својата иднина. / Хина