Унгарскиот премиер Виктор Орбан викендов одново зборуваше за својата позиција дека војната во Украина ќе заврши само кога Киев и Западот ќе ја прифатат реалноста – дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО.
Во обраќање на младински фестивал во Естергом, Орбан изјави дека единствениот пат кон мир е преку дипломатија и итен прекин на непријателствата, став што Унгарија го застапува уште од почетокот конфликтот во 2022 година.
„Мирот ќе настапи кога и Европејците и Украинците ќе ја прифатат непобитната геополитичка реалност: Русија никогаш нема да дозволи НАТО да се прошири до нејзините западни граници преку Украина“, рече Орбан во саботата.