Орбан сака да ја преземе политичката контрола во Брисел и да го „окупира“

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија не сака да ја напушти Европската унија бидејќи, како што рече, нејзините основни принципи се добри, но сака „да ја преземе политичката контрола во Брисел и да го ‘окупира’ Брисел“.

Тој за новинската станица ХирТВ изјави дека соработката на европските нации, заедничкиот пазар и меѓусебната тимска работа за зајакнување на добрата идеја се во интерес на Унгарија.

Во исто време, Орбан изјави дека нема потреба да се формира „супердржава“ која своите членови ќе ги третира како провинции, пренесе МТИ.

„Не ни треба таков Брисел, туку Брисел кој поддржува суверенитет и самопочит, кој им дозволува на земјите да одлучуваат како сакаат да живеат, според нивните културни традиции. Ни треба Брисел кој го контролира пазарот, но не кажува на Полјак, на Унгарец, на Португалец како да живее. Треба да победиме на претстојните европски парламентарни избори и потоа да ја преземеме политичката контрола во Брисел“, рече Орбан.

Слични содржини