Орбан: Се додека Србија не влезе во ЕУ има право да седи на две столици

од Radmila Tasevska
932 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека иако договорот за слободна трговија на Србија со Кина би бил некомпатибилен со членството во ЕУ, Белград има право „да седи на две столици“.

На конференцијата на претседателите на парламентите на Југоисточна Европа во Будимпешта, Орбан рече дека постои група во Европската унија која го гледа проширувањето како проблем, пренесе Бета повикувајќи се на РТС.

Тој додаде дека за Унгарија проширувањето на Европската унија секогаш било можност и нешто што треба да се направи.

– Ако не го интегрираме овој регион на Југоисточна Европа, тоа ќе го сакаат другите. Откако не ја прифативме Србија, други се јавија, па сега имаат договори со Кина, рече унгарскиот премиер.

Тој додаде дека украинско-руската војна влијае на несигурноста на ЕУ за проширувањето.

– Ние Унгарците сме подготвени да платиме колку што е потребно за интеграцијата на Западен Балкан. Можете да сметате на нас за Југоисточниот регион да стане членка што е можно поскоро, рече Орбан.

Слични содржини