Орбан: Сорос е како мафија, организира масовна миграција ширум Балканот

од Nikola Popovski
144 прегледи

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска го обвини американскиот финансиер Џорџ Сорос и неговата мрежа за организирање масовна миграција низ целиот Балкан.

Во своето редовно интервју за јавното радио „Косут“ во петокот наутро, Орбан рече дека во миграциската организација се вклучени организации финансирани од Џорџ Сорос, пренесува МТИ.

Орбан го опиша Сорос како „олигарх број еден во светот“, кој финансира невладини организации, групи и активисти во мрежите кои, како што вели, се како мафија.

Тој исто така рече дека „политичарите што Сорос ги изнајмува“ се за миграцијата, додека Унгарија се спротивставува на тоа.