Притисокот на бугарската граница со Турција расте, предупреди Орбан.

Неофицијалната средба на Европската унија во Братислава не ја промени позиција на Брисел за миграциските прашања. Затоа оваа средба беше неуспешна, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. “Таа беше неуспешна, бидејќи не се добија промени на миграциската политика на Брисел”, се вели во соопштението на Орбан. Според него “во ЕУ како и претходно преовладува истата оваа деструктивна и наивна имиграциски политики”.
“Дури сега се зборува повеќе за засилувањето на процесот на распределба на мигрантите, отколку за нивно запирање на шенгенските граници”, истакнува унгарскиот премиер. Единствениот успех е договорот за давање на конкретна помош на Бугарија, рече тој. “Бидејќи притисокот на бугарската граница / со Турција / расте, а трошоците за одбрана се исклучително големи”, заклучи Орбан. Европската комисија ќе и додели на Бугарија 108 милиони евра , објави претходно нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер. “Бугарија нема да биде оставена сама. За време на разговорите денеска Европскиот совет одлучи 108 милиони евра да бидат доделени за потребите на Бугарија. Целта ни е оваа сума да достигне 160 милиони евра “, рече тој. / ТАСС